Refund Policy

ПОЛИТИКА ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Општи правила:

Оваа Политика за поврат на средства го уредува начинот на кој Друштвото за посредување, услуги, консалтинг и маркетинг ХХМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седиште на ул. „Лазар Мојсов„ бр.31-4/27, Скопје-Карпош (“ХХМ”) ги дава своите услуги на посредување помеѓу Давателот на здравствени услуги (понатаму “Давател на здравствени услуги“) и/или Продавачот (понатаму “Продавач“) и Вас - Корисниците на услуги/Купувачите (понатаму “Вие”, “Субјекти” или “Корисници”) или трети лица кои плаќаат/нарачуваат во Ваше име, преку интернет страната www.hello-helpme.com (понатаму: ”Интернет страна”).

На нашата интернет страна не се рекламираат и не се врши продажба на производи.

ХХМ му овозможува на Корисникот на услуги пристап до податоци како услуги на информатичко општество БЕЗ НАДОМЕСТ, поделено во два вида од кои едните се однесуваат на рекламирање на Продавачи заради пренасочување на нивната интернет страна и самостојна трансакција и комуникација помеѓу Корисникот на услуги и Продавачот, а другите се однесуваат на рекламирање на Даватели на здравствени услуги, чии услуги се резервираат и плаќаат преку ХХМ.

На оваа интернет страна Корисниците или трети лица кои плаќаат/нарачуваат во нивно име може да извршат плаќање само по основ на резервација на здравствени услуги, но не и по основ на давање на производи.

ХХМ како Посредник на својата интернет страна рекламира Даватели на здравствени услуги и овозможува електронско плаќање од страна на Корисниците и/или трети лица кои за да закажат определен термин, плаќаат за себе или во име на било кое трето лице – Корисник на услуги.

Давателот на здравствени услуги може да биде приватен субјект во вид на ординација, поликлиника, дијагностичка лабораторија, заботехничка лабораторија, центар, здравствен дом, болница, болница за нега, институт, универзитетска клиника, универзитетски институт, универзитетски клинички центар, природно лекувалиште и здравствени работници/лекари.

Продавачот кој е рекламиран преку интернет страната на ХХМ, може да биде било која Аптека чии податоци може да ги видите преку оваа интернет страна.

ХХМ како Посредник е овластен од Давателот на здравствени услуги истовремено да биде и Примач на паричните средства кои ќе бидат исплатени од страна на Корисниците на услугите или третите лица кои плаќаат во нивно име, заради реализација на бараните услуги.

Во однос на купување на производи, ХХМ рекламира Продавачи на производи, при што на Корисниците им овозможува преку притискање на линк-банерот каде е назначен називот на Продавачот да бидат пренасочени и да пристапат на интернет страната на Продавачот кој самите ќе го изберат, при што плаќањето за производи нарачани од таа интернет страна ќе се води одделно само преку интернет страната на конкретниот Продавач, без разлика дали плаќањето кон Продавачот ќе биде електронски или со физичко присуство.

Со притискање на линк-банерот со назив на конкретниот Продавач што самите ќе го изберете, ќе бидете известени дека ќе бидете пренасочени на интернет страната на истиот Продавач и дека таму ќе важат други правила и политики, кои единствено може да ги имате на увид преку таа интернет страна.

ХХМ сноси одговорност само за дејствијата кои се преземаат директно на оваа интернет страна и за паричните средства кои ќе бидат уплатени преку оваа интернет страна.

Со секое пренасочување кон друга интернет страна на Продавач кој самите ќе го изберете заради купување на производи, одговорноста на ХХМ престанува и истата паѓа на товар на Продавачот на чија интернет страна ќе пристапите и ќе извршите плаќање на парични средства.

ХХМ сноси одговорност само за примена на политиката за поврат на средства кои се исплатени исклучиво преку оваа интернет страна по основ на давање на здравствени услуги од страна на рекламираните Даватели на здравствени услуги.

Секој одделен Продавач има посебна политика за поврат на средства која ја објавил на својата интернет страна и истиот е во целост одговорен за нејзината примена.

Начин на плаќање

Плаќањето за нарачка на здравствени услуги преку оваа интернет страна е овозможена на тој начин што уплатените парични средства откако Корисникот или трето лице ќе ги уплати, истите привремено се резервираат на привремена сметка на ХХМ во НЛБ Банка АД Скопје, а по исполнување на потребните услови (целосно извршување на услугата) тие парични средства се проследуваат до конкретниот Давател на здравствена услуга преку ПОС терминал.

Кога Корисникот или трето лице кое плаќа во негово име електронски ќе исплати парични средства заради нарачување на услуга и закажување термин, уплатениот износ ќе биде резервиран и задржан на привремена наменска сметка на Посредникот ХХМ најмногу до денот на целосно извршување на услугата, евентуално утрешниот ден во случај доколку услугата е извршена во попладневните часови, а потоа истите парични средства ќе бидат проследени до конкретниот Давател на здравствена услуга, откако истиот ќе докаже со извештај дека е целосно извршена услугата.

По повод исплатените парични средства, ХХМ му издава Потврда на лицето кое платило за закажување/нарачка на здравствени услуги (без разлика дали Корисникот на услугите директно платил или за него платило друго лице), која потврда е доказ за плаќањето и резервацијата за давање на услуга која ќе биде прифатена од страна на Давателот на здравствените услуги и истиот ќе му ја даде услугата на Корисникот на услугата без да му побара дополнителен надоместок.

Потврдата ќе ги содржи следните податоци:

-Податоци за лицето кое платило (без разлика дали тоа е Корисникот на услуги или трето лице);

-Податоци за Корисникот на услуги;

-Податоци за Давателот на здравствени услуги;

-Податоци за датумот и местото на давање на здравствените услуги;

-Податоци за времето на плаќање и цената за давање на здравствените услуги и;

-Податоци за ХХМ кој ја издава потврдата.

Во моментот на уплатата, покрај тоа што ХХМ на лицето кое платило ќе му издаде потврда, ХХМ истовремено преку регистрираната емаил адерса ќе го извести Давателот на здравствените за закажаниот термин и за Корисникот на услугите на кој треба да му се обезбеди здравствената услуга.

Давателот на здравствената услуга ќе докаже дека услугата е целосно извршена со тоа што ќе состави и достави извештај до ХХМ каде ќе опише која услуга на кое лице му е обезбедена.

Паричните средства ќе бидат резервирани и задржани на привремена наменска сметка најмногу до денот на целосно извршување на услугата, или евентуално утрешниот ден заради законското право на Корисникот како Потрошувач да бара повлекување/раскинување од договорот склучен на далечина согласно применливиот Закон за заштита на потрошувачите, при што откако Давателот на здравствени услуги достави извештај до ХХМ за дадените услуги, заедно со фактура, ХХМ истиот ден, најдоцна наредниот ден ќе го изврши преносот на резервираните парични средства.

Случаи во кои се враќаат паричните средства:

Поврат на средства по повод плаќањето за нарачка на здравствени услуги преку оваа интернет страна е овозможен на тој начин што уплатените парични средства можат да Ви бидат вратени во случај на користењето на право на Повлекување/Раскинување или во случај доколку терминот кога треба да Ви биде дадена услугата ќе биде откажан без Ваша вина.

Во случај на неоправдано Повлекување/Раскинување (со претходно известување или без претходно известување) по вина на Корисникот на услугите, а по истекот на 14 дена од денот на уплатата, односно по давање на услугата и по преносот на паричните средства на сметката на Давателот на здравствените услуги, ХХМ како посредник и примач на плаќањето, по доставен приговор за дадената здравствена услуга ќе направи обид за поврат на уплатените парични средства (доколку се утврди дека приговорот е основан), во износ од 70% од уплатениот износ, а ќе задржи 30% заради покривање на направените трошоци на Давателот на здравствени услуги за резервација на терминот.

Во случај доколку Давателот на здравствени услуги го откаже терминот (освен во случај на болест/смрт/виша сила), ХХМ ќе ги вложи сите напори да издејствува Давателот на здравствени услуги да препорача друг соодветен Давател на здравствени услуги од ист квалитет за да ги изврши бараните услуги во истиот термин или да предложи нареден слободен термин кај истиот Давател на здравствени услуги доколку истото е прифатливо за Корисникот, за што Корисникот ќе се изјасни дополнително дали прифаќа некое од наведените решенија или истиот ќе бара поврат на уплатените средства.

Во случај на откажување на термин од страна на Давателот на здравствените услуги, а доколку заменскиот препорачан друг соодветен Давател на здравствени услуги за давање на услугите во истиот термин е прифатливо решение за Корисникот, тогаш исплатените парични средства кои се резервирани до денот на извршување на услугата ќе се пренасочат спрема другиот соодветен заменски Давател на здравствени услуги и ќе му бидат пренесени по целосно извршување на услугата.

Доколку на Корисникот на кој му е откажан првичниот термин, прифатлив му е новопредложениот термин од истиот Давател на здравствени услуги, во тој случај паричните средства ќе продолжат бидат резервирани до денот на целосно извршување на услугата, евентуално утредента, по што ќе му бидат пренесени на конкретниот Давател на здравствени услуги.

Доколку терминот е откажан од страна на Давателот на здравствените услуги, а ниту едно од претходните решенија не е прифатливо за Корисникот, ХХМ е должен да му ги врати во целост исплатените парични средства на Корисникот, односно на лицето кое платило во негово име, на претходно барање на Корисникот за поврат на средства.

Во случај на враќање на уплатените парични средства, ХХМ ќе изврши поврат на истиот начин и во истиот износ како што паричните средства се уплатени кон ХХМ.

Ве известуваме дека во случај на поврат на средства, ние ќе ги вратиме во целост паричните средства на истиот начин како што се платени, но меѓувремено постои можност банката да наплати одредени провизии кои ќе паднат на Ваш товар, при што можно е банката да Ви врати помал износ од тој што ние ќе го проследиме кон банката заради поврат до Вас.

Право на повлекување:

Правото на повлекување на оваа веб страна може да се искористи само во однос на нарачани услуги, а не и за производи кои се купени/платени преку друга интернет страна, бидејќи на друга интернет страна која не е под контрола на ХХМ се применуваат други правила и политики и истите не се во одговорност на ХХМ.

Со самиот акт на правење на нарачка и вршење на уплата Корисникот склучува договор на далечина.

Без разлика дали Корисникот има (оправдано или неоправдано) забелешка во однос на квалитетот на услугата, откажување на термин или други слични причини, во секој случај пред да биде дадена здравствената услуга, Корисникот има право да се повлече од договорот на далечина во рок од 14 дена од денот кога е направена нарачката на услугата, односно од денот кога е закажан терминот.

Корисникот има право на повлекување/раскинување од договорот на далечина во рок од 14 дена, без притоа да даде причина или образложение за повлекувањето/раскинувањето од договорот и без негова обврска да плати какви било трошоци, освен трошоците за испорака/враќање на производи за кои се користи право на повлекување на интернет страната на некој друг Продавач.

Рокот за повлекување истекува во рок од 14 дена од денот на нарачување на услугата/закажување на терминот (склучување на договорот) кога станува збор за услуги или во рок од 14 дена од приемот на производот кога станува збор за производи.

За производи купени од друга интернет страна, одговорност за поврат ќе сноси Продавачот на таа интернет страна, бидејќи на друга интернет страна која не е под контрола на ХХМ се применуваат други правила и политики и истите не се во одговорност на ХХМ.

Корисникот кој има намера да го оствари правото на повлекување/раскинување мора за истото да го извести ХХМ пред истекот на рокот за повлекување, по пат на специфициран образец или било каква изјава од која недвосмислено произлегува таа намера.

Известувањето за повлекување/раскинување може да се испрати со препорачана пратка на адресата на ХХМ или преку интернет страната.

Во случај на повлекување/раскинување ХХМ е должен на Корисникот да му ги врати исплатените парични средства во рок од 14 дена од денот на известувањето.

Трошоците за враќање на производи кои се купени од интернет страна на друг Продавач се на товар на Корисникот, за што треба да се информира од посебната применлива политика на интернет страната на Продавачот кој не е ХХМ.

Враќањето на средствата се врши со користење на истите средства за плаќање што ги користел Корисникот во првичната трансакција.

Доколку станува збор за производи, обврска на Корисникот е да го врати производот без одлагање, а најдоцна во рок од 14 дена од денот на испраќањето на известувањето за повлекување/раскинување, до конкретниот Продавач од кого го купил производот.

Ве известуваме дека доколку сте купиле производ преку друга интернет страна на конкретен Продавач, без разлика дали таму сте известени за ова право, Вие ќе имате право на повлекување како што е истакнато во оваа политика, но истото ќе може да го искористите само преку таа интернет страна и кон тој конкретен Продавач.

Ве известуваме дека законски овозможеното право на повлекување нема да може се применува во случај кога услугата е целосно извршена, односно во случај кога услугата е целосно извршена Вие нема да имате право на поврат на средства по основ на правото на повлекување, а во секој случај имате право на поврат на паричните средства во износ од 70% во случај на неоправдано повлекување/раскинување, а остатанатиот износ од 30% ќе Ви биде задржан заради покривање на трошоците.

Сепак Вие го задржувате правото на поврат на средства во сите случаи како што е  погоре наведено во точката под наслов „случаи во кои се враќаат паричните средства“.

За откажување на термин, доцнење или неквалитетно давање услуга од страна на Давателите на здравствени услуги, ХХМ го задржува својството на посредник и Овластен Примач на паричните средства на Давателот на здравствените услуги кој може да посредува и овозможи морална помош при решавање на споровите и да обезбеди поврат на средства согласно правилата на оваа политика.

ХХМ во својство на општествено одговорен Посредник презема морална и етичка одговорност да избере и предложи високо професионални, истакнати и одговорни Продавачи и Даватели на здравствени услуги и истите да ги сакнцкионира со преземање на мерки во вид на опомена, времено блокирање или трајно отстранување на веб-платформата, во случај на евентуална злоупотреба.

ХХМ го задржува правото да преземе неопходни мерки и санкции и кон Корисниците кои го злоупотребуваат правото на повлекување и правото на поврат на средства.

Контакт податоците за ХХМ:

Назив:                                     ХХМ ДООЕЛ Скопје

Седиште:                                Лазар Мојсов бр.31-4/27, Скопје-Карпош

Електронска адреса:            boris.jotevski96@gmail.com 

ХХМ го задржува правото текстот на политиката за поврат на средства да го менува одвреме навреме за да во истата ги рефлектира сите постоечки измени во законодавството. За сите измени и дополнувања на оваа политика, ќе бидат поставени известувања на нашата страна, а дополнително истите ќе бидат вклучени во ажурираниот текст на политиката. Моменталната верзија на политиката за поврат на средства е објавена на ден 04.04.2024 година

ОБРАЗЕЦ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ

 

(овој образец да се пополни и прати доколку сакате да се повлечете од договорот)

- Назив и седиште на трговецот, телефонски број, адреса на електронска пошта или број на

телефакс - овие податоци ги внесува трговецот:

_________________________________________________________________________

_________________________________________________________________________;

Овие податоци ги внесува корисникот:

Со ова јас/ние* (известувам/е за моето/нашето повлекување (*) од договорот за продажба на следниве стоки/услуги: _________________________________________________________________________

_________________________________________________________________________

_________________________________________________________________________;

- Нарачано на ден

_______________________________________________________________ (*)

/ примено на ден

 _______________________ (*);

 - Име и презиме, односно назив на потрошувачот/-ите:

_________________________________________________________________________

_________________________________________________________________________;

- Адреса на потрошувачот/-ите:

_________________________________________________________________________

_________________________________________________________________________;

 -

Потпис на потрошувачот/-ите (само доколку овој образец се пополнува на хартија)

_______________________________________________

- Датум __________________

american-epress diners maestro mastercard visa
Cookies Policy | Privacy Policy | Refund Policy | Delivery Policy

© 2024 - Hello, Help Me hello, help me | ALL RIGHTS RESERVED

Cookie consent

This website uses cookies to personalise content and to analyse our traffic.

Necessary - Necessary cookies needed to make a website usable by enabling basic functions. The website cannot function properly without these cookies. (always active)
Marketing - Marketing cookies are used to track visitors across websites.

You can learn about cookies and change your cookie consent settings on our cookies policy
Here is our privacy policy