Privacy Policy

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ХХМ ДООЕЛ СКОПЈЕ

 

Оваа Политика на приватност го уредува начинот на кој Друштвото за посредување, услуги, консалтинг и маркетинг ХХМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седиште на ул. „Лазар Мојсов„ бр.31-4/27, Скопје-Карпош (“ХХМ”, „Друштво„ и/или „Контролор„) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму “Вие”, “Субјекти” или “Корисници”) при посета/регистрација на интернет страната www.hello-helpme.com (понатаму: ”Интернет страна”).

Имено, ХХМ е трговско друштво, основано согласно законите на Република Северна Македонија, коешто управува со интернационалната веб платформа со назив „Hello, Help Me!“ и со домен „http://hello-helpme.com/“, преку која се овозможува директна поврзаност меѓу посетителите на интернет страната со здравствените установи на територијата на Република Северна Македонија, пришто самите посетители/корисници на услуги имаат можност да изберат вид на здравствена услуга што треба да им биде извршена, како и здравствена установа (здравствен работник). Дополнително, на посетителите им се нуди опција за домашна посета, како и за добивање на online консултација.  Од причина што правото на приватност и заштитата на личните податоци на клиентите претставува врвен приоритет на нашата компанија, при вршењето на своите деловни активности, ХХМ посветува особено внимание на токму на оваа заштита и тоа преку имплементација на стандардите утврдени со применливата регулатива, односно Законот за заштита на личните податоци („ЗЗЛП„) и неговите подзаконски акти.

Оваа Политика на приватност се однесува единствено за заштитата на личните податоци при  посетата/регистрацијата на споменатата Интернет страна, како и за цели на online купување. Притоа, оваа политика не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини (неспоменати во рамки на истата) ниту пак на Вашата посета на другите интернет страни до кои пристапувате преку нашата страна.

Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, Друштвото ХХМ ДООЕЛ Скопје е Контролор на лични податоци, а субјекти на лични податоци се сите клиенти/корисници на услуги при посета/регистрација на нашата интернет страна на која е достапна и услугата за online продажба.

  1. Собирање и обработка на Вашите личните податоци

При посетата на страната, Друштвото ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контакт информации), само доколку доброволно со Ваша согласност ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страна, со цел користење на нашите услуги и производи. Со користењето на интернет страната на ХХМ, Вие како корисници се согласувате со одредбите на оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите/посетувате интернет страната. Дури и да не се согласувате со политиката, а сепак (континуирано) ја користити/посетувате Интернет страната, со тоа се смета дека молкумно се согласувате со истата, како и со сите нејзини измени и дополнувања.

При посета на интернет страната, секој корисник пристапува со одредена ИП адреса која е различна за секој компјутер и се доделува од страна на интернет провајдерите. Друштвото не собира лични податоци за корисниците/посетителите на Интернет страната (освен ИП адресата), освен доколку испратат електронска порака во која доброволно ќе наведат свои лични податоци (име, презиме, контакт информации). Дополнително, кога било кој корисник ќе се регистрира на нашата страна, со отварање на свој кориснички профил, Друштвото го заштитува протокот на неговите лични податоци преку мрежата со HTTPS протоколот за заштита на информации.

1.1.Цели за кои се користат собраните лични податоци:

  • Да ја обезбедиме бараната услуга, односно да ве поврземе со соодветната здравствена установа на примарно и/или на секундарно ниво или пак да ви овозможиме online купување при што се  идентификува корисникот;
  • Да обезбедиме известување за промена на условите и тарифите, воведување на нови видови продукти за клиентите;
  • Да се обезбеди мислење од клиентите во врска со online продажбата и евентуално за спроведување на анкети, преку поставени прашања до клиентите;
  • Да се олеснат и проследат пребарувањата на клиентите и барањата за информации при јавување од страна на клиентите во врска со видовите на online купување;
  • Да се разгледа можноста за евентуални вработувања, доколку клиентите се обратат или аплицираат за работа преку интернет страната;
  • Прикажување на промотивни материјали (реклами) од приватни здравствени установи;
  • Помош при појава на проблем при користењето на производите и услугите;
  • Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на интересите на клиентите, врз основа на нивна изречна согласност;

Секогаш кога ќе ја посетите нашата страна, нашиот web сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на работната единица заедно со уште неколку технички податоци во врска со посетата на страната како што е активноста  на хардверот, грешки и сл.

Дополнително собраните податоци се користат и за:

  • Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата Интернет страна,;
  • Да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
  • За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.

Личните податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која истите се собрании. Обработката на Вашите лични податоци за друга цел, различна од горенаведените, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

  • Важна напомена при електронско плаќање

Во случај на електронско плаќање на услугите кон избраните здравствени установи и/или производи или услуги достапни на страните до коишто може да се пристапи преку нашата страна, ХХМ нема пристап до податоците во врска со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие директно се испраќаат до платежниот процесор на банката преку сигурносна врска помеѓу клиентот и банката, која собирањето, чувањето и обработката на личните податоци на клиентите ја врши согласно законските прописи за заштита на личните податоци во Република С. Македонија и своите интерни акти со тоа што личните податоци на клиентите не ги задржува, споделува чува или користи за други цели освен за наплата на производи и услуги.

  • Споделување на Вашите лични податоци со други физички и правни лица, органи на државна власт или други тела

ХХМ е обучен да обезбеди целосна заштита и тајност при ракување и обработка на Вашите лични податоци. Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со други физички и правни лица, органи на државна власт, државни органи или други правни лица основани од државата за вршење на јавни овластувања, освен во со закон утврдени случаи.

1.4 Кој има пристап до Вашите лични податоци?

Во зависност од Збирката на лични податоци за која се собираат Вашите лични податоци, пристап до Вашите лични податоци може да имаат:

  • Вработени или ангажирани/овластени лица во ХХМ кои се овластени да пристапуваат до Вашите лични податоци и само до степен потребен за извршување на работните задачи;
  • Вработени или ангажирани лица кај обработувачи, кои во име на ХХМ вршат обработка на лични податоци, врз основа на Договор за обработка на лични податоци;
  • Секоја јавна/државна институција на која ХХМ е обврзана да и ги достави Вашите лични податоци, како законска или договорна обврска;
  • Во одредени исклучителни ситуации, заради исполнување на законски обврски, пристап до Вашите лични податоци може да имаат и судови, органи на државна власт, државни органи или други правни лица основани од државата за вршење на јавни овластувања.

1.5. Кои категории на лични податоци ги обработуваме за Вас?

ХХМ ги обработува личните податоци кои се определени со закон. Кога правна основа за обработка на Вашите лични податоци е договор или согласност, целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци и ги собираме само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на целите за кои се обработуваат.

Видови на лични податоци на корисниците на услугите при регистрација на нашата Интернет страна и при уредување на профилот

Доколку пристапувате кон нашата Интернет страна за цели на користење на некоја услуга од примарно и/или секундарно ниво од здравствените установи на територијата на Република Северна Македонија, секој корисник на услугите треба да ги достави следниве податоци:

  • име;
  • презиме;
  • e-mail адреса;
  • корисничко име;
  • пол; и
  • контакт број.

При уредување на профилот на корисникот, освен претходно наведените, потребни се и следниве податоци:

  • контакт преку Viber;
  • датум на раѓање;
  • податоци за картичката за плаќање на услугата (носител на картичка, број, CVV, датум на истек на картичката);
  • износ на уплатата.

Видови на лични податоци на здравствените работници при регистрација на нашата Интернет страна и при уредување на профилот

При нивната регистрација на нашата Интернет страна, здравствените работници ги оставаат следниве податоци:

  • име;
  • презиме;
  • e-mail адреса;
  • корисничко име;
  • држава;
  • град;
  • пол;
  • услуги;
  • област во која здравствениот работник е обучен да дава здравствени/медицински услуги;

При уредување на профилот на здравствениот работник, освен претходно наведените, потребни се и следниве податоци:

  • контакт преку Viber;
  • датум на раѓање;
  • износ на реализирана услуга (ако услугата се реализира директно во здравствената установа);
  • износ на реализирана услуга (ако услугата се реализира при домашна посета);
  • износ на online консултација;
  • адреса каде се реализираат прегледите;
  • профил;
  • услуга;
  • област во која здравствениот работник е обучен да дава здравствени/медицински услуги;
  • име на банка;
  • адреса на банка;
  • број на сметка во банка;
  • IBAN; и
  • SWIFT.

Само овластено лице може да има пристап до податоците на клиентите врз основа на издадено посебно овластување за пристап и обработка на здравствени податоци на клиентот.

1.6. Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ги чуваме во рокови пропишани со закон и со нашите интерни акти, во временски период колку што е потребно за да се исполнат соодветните цели.

Вашите лични податоци нема да бидат зачувани во форма и/или облик што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани.

Личните податоци кои се обработуваат при испитување на задоволството на клиентот во тек на траење на договорот, се чуваат во текот на целото времетраење на договорот и 5 години по престанокот на важење на договорот.

По истекот на роковите за чување, личните податоци се бришат од информацискиот систем на ХХМ и/или од серверите на даватели на услуги, односно се уништува хартиената документација.

  1. Доверливост и безбедност

Пристапот до Вашите лични податоци во Друштвото е ограничен на оние вработени/овластени и/или ангажирани за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги или производи. Притоа вработените и ангажираните/овластените лица ги имаат потребните овластувања и знаења за обработка на личните податоци.

Личните податоци што ги обработува ХХМ се чуваат во хартиена и во електронска форма. ХХМ применува технички и организациски мерки за заштита на личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и своите интерни акти, како за личните податоци што се чуваат во хартиена форма (досиеја кои се чуваат во посебни плакари обезбедени со клуч), така и за личните податоци кои се чуваат во електронска форма (информацискиот систем на ХХМ е заштитен со посебни технички и организациски мерки кои спречуваат ненамерно или намерно уништување, губење, оштетување, измена и неовластено откривање или неовластен пристап до личните податоци).

ХХМ се обврзува да ги заштитува личните податоци на клиентите кои се доставени со цел склучување на договор за користење на платформата, како и да ги преземе сите потребни активности за заштита на податоците од какво било неовластено откривање или злоупотреба.

Техничките и организациски мерки за заштита на личните податоци, утврдени во актите на ХХМ, кои се применуваат во однос на целокупното работење на ХХМ, се применуваат и во однос на заштитата на личните податоци на клиентите.

По истекот на рокот за чување на личните податоци, односно по повлекување на согласноста од страна на клиентите без одлагање, неповратно и трајно, истите ќе бидат избришани односно уништени (вклучително и сите фотокопии). Уништени односно трајно избришани ќе бидат и сите медиуми на кои се наоѓаат лични податоци чиј рок на чување е истечен.

Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, во рок од 72 часа ќе биде известена Агенцијата за заштита на личните податоци („АЗЛП„).

Ако постои веројатност дека нарушувањето на безбедноста на личните податоци ќе предизвика висок ризик за правата и слободите на клиентите чии лични податоци ХХМ ги обработува, без одлагање ќе бидат известени и клиентите.

Доколку има сомневање и за постоење на кривично дело, без одлагање ќе бидат известени надлежните органи Министерство за внатрешни работи и Јавното Обвинителство.

  1. Заштита и сигурност

ХХМ ДООЕЛ Скопје ги превзема сите технички и организациски мерки за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на истите.

Воедно, нашите вработени се обврзани да работат во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци, а и давателите на услуги имаат иста обврска, врз основа на договор за обработка на лични податоци. Секое лице кое има пристап до Вашите лични податоци, без разлика дали е овластено вработено лице во ХХМ или е вработено лице во друштво ангажирано од страна на ХХМ како обработувач на лични податоци, е обврзано да ја заштитува тајноста на податоците и да постапува според упатствата на ХХМ во согласност со важечките законски прописи за заштита на личните податоци.

Само лицата кои се овластени од страна на ХХМ имаат право да пристапат до Вашите лични податоци, до степен потребен за извршување на нивните работни задачи или ангажман, а согласно издадените овластувања за вршење на обработка на личните податоци.

Секое овластено лице кое има пристап до Вашите лични податоци потпишува изјава со која се обврзува на тајност и заштита на личните податоци при нивната обработка.

Притоа, се применуваат најсовремените технички и организациски мерки согласно прописите за заштита на личните податоци што важат во Република Северна Македонија, за заштита на податоците од неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на сите нивоа на извршување на работите.

Ниту ХХМ, ниту обработувачите, нема да ги проследат Вашите податоци на користење на трети страни, освен ако за тоа има согласност од Ваша страна или постои законска обврска. Сигурносните процедури се предмет на редовни контроли.

  1. Пренос на лични податоци

Личните податоци на корисниците на услугите, посетителите на нашата Интернет страна и на здравствените работници се предмет на пренос во земји што не се членки на Европската Унија, но притоа ХХМ навремено ги има преземено сите заштитни мерки во врска со споменатиот пренос, а коишто се регулирани во рамки на Поглавјето V од ЗЗЛП.

  1. Вашите права како субјекти на лични податоци

Како корисник на услугите на нашата интернет страна (и/или како клиент), имате право врз основа на писмено барање упатено на нашата адреса: Лазар Мојсов бр.31-4/27, Скопје-Карпош, или барање на нашата електронската адреса boris.jotevski©hello-helpme.com, да ги остварите вашите права, како наведени подолу:

  • да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработка;
  • да пристапите до Вашите лични податоци;
  • да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање и ограничување на нивната понатамошна обработка;
  • да побарате, Вашите лични податоци коишто ги обработуваме за вас да ги добиете во вообичаен, машински литлив структуриран формат, за да истите се пренесат на друг контролор;
  • да поднесете приговор до ХХМ за начинот на обработка на Вашите лични податоци;
  • да ја повлечете согласноста за обработка на Вашите лични податоци, пришто ова повлекување не влијае на законитоста на обработката на личните податоци што се засновала на согласност што била дадена претходно;
  • да не бидете предмет на одлука која што била донесена единствено врз основа на автоматизирана обработка вклучувајќи го и профилирањето;
  • да поднесете барање до Агенцијата за заштита на лични податоци, доколку сметате дека постои повреда на некое од горенаведените права, сторена од наша страна.

Содржината на секое од правата на субјектите на лични податоци, како и условите под кои што секое од нив може да се реализира, се дадени подолу:

Право на пристап - Клиентот има право да поднесе барање за пристап до неговите лични податоци. Ова право му овозможува да добие информација за податоците кои се обработуваат за него и да провери дали податоците се точни и ажурирани. Правото на пристап се однесува за следниве видови на податоци:

  • целите на обработката;
  • категориите на лични податоци кои се обработуваат;
  • корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени личните податоци, особено корисниците во трети земји или меѓународни организации;
  • предвидениот рок за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа не е возможно, критериумите што се користат за одредување на тој период;
  • постоењето на право да се бара од страна на контролорот исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци поврзани со субјектот на личните податоци, или право на приговор против таквата обработка;
  • правото на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на лични податоци согласно со членот 97 од ЗЗЛП;
  • кога личните податоци не се собираат од субјектот на личните податоци, сите достапни информации за нивниот извор;
  • постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето;
  • ако личните податоци се предмет на пренос во трета земја или меѓ.организација, субјектот има право да биде информиран за соодветните мерки кои се применуваат на конкретниот пренос.

Дополнително, корисникот има право да побара и копија од личните податоци што ХХМ ги обработува за него/неа.

Право на информирање - Клиентот има право да ги добие од Контролорот долунаведените податоци.

Кога личните податоци се собираат од субјектот на личните податоци, контролорот во моментот на собирањето на личните податоци, на субјектот на личните податоци му ги обезбедува следните информации:

  • идентитетот и контакт податоците на контролорот;
  • контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци;
  • целите на обработката за коишто личните податоци се наменети, како и правната основа за обработката;
  • легитимните интереси што ги спроведува контролорот или трето лице;
  • корисниците или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има;
  • каде што е применливо, фактот дека контролорот има намера да пренесе лични податоци во трета земја или меѓународна организација, како и во случај на пренос на лични податоци кој подлежи на соодветни заштитни мерки односно пренос на лични податоци врз основа на задолжителни корпоративни правила и информација за начинот на добивање на копија од нив или информација каде истите се достапни;
  • временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа е невозможно, критериумите што се користат за одредување на тој период;
  • постоењето на право да се бара од страна на контролорот пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци кои се однесуваат на субјектот на личните податоци, или право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците;
  • постоењето на правото за повлекување на согласноста во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена;
  • правото на поднесување на барање до АЗЛП;
  • информација дали давањето на личните податоци е законска или договорна обврска или услов кој е потребен за склучување на договор, како и дали субјектот на личните податоци има обврска да ги даде личните податоци и можните последици ако овие податоци не бидат дадени;
  • постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето и најмалку во оние случаи, кога е вклучена значајна информација за логички поврзаните процеси на обработка, како и значењето и предвидените последици од таквата обработка за субјектот на личните податоци.

Кога контролорот има намера и понатаму да обработува лични податоци за цел различна од онаа за која се собрани личните податоци, контролорот пред понатамошната обработка, на субјектот на личните податоци му обезбедува информации за другата цел и сите други потребни информации, како што е наведено во рамки на овој член.

Кога личните податоци не се собираат директно од субјектот на личните податоци, контролорот во моментот на собирањето на личните податоци, на субјектот на личните податоци му ги обезбедува следните информации:

  • идентитетот и контакт податоците на контролорот;
  • контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци;
  • целите на обработката за коишто личните податоци се наменети, како и правната основа за обработката;
  • категории на лични податоци кои се обработуваат;
  • корисниците или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има;
  • каде што е применливо, фактот дека контролорот има намера да пренесе лични податоци во трета земја или меѓународна организација, како и во случај на пренос на лични податоци кој подлежи на соодветни заштитни мерки односно пренос на лични податоци врз основа на задолжителни корпоративни правила и информација за начинот на добивање на копија од нив или информација каде истите се достапни;
  • временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа е невозможно, критериумите што се користат за одредување на тој период;
  • легитимните интереси што ги спроведува контролорот или трето лице;
  • постоењето на право да се бара од страна на контролорот пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци кои се однесуваат на субјектот на личните податоци, или право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците;
  • постоењето на правото за повлекување на согласноста во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена;
  • правото на поднесување на барање до АЗЛП;
  • изворот на личните податоци и доколку е применливо, дали податоците се од јавно достапни извори;
  • информација дали давањето на личните податоци е законска или договорна обврска или услов кој е потребен за склучување на договор, како и дали субјектот на личните податоци има обврска да ги даде личните податоци и можните последици ако овие податоци не бидат дадени;
  • постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето и најмалку во оние случаи, кога е вклучена значајна информација за логички поврзаните процеси на обработка, како и значењето и предвидените последици од таквата обработка за субјектот на личните податоци.

Информациите наведени од точка 1) до точка 14), Контролорот е должен да ги обезбеди:

  1. во разумен рок по добивањето на личните податоци, но најдоцна во рок од еден месец, имајќи ги предвид посебните околности под кои личните податоци се обработуваат;
  2. ако личните податоци се користат за комуникација со субјектот на личните податоци, најдоцна при остварување на првиот контакт со субјектот на личните податоци; или
  3. ако е предвидено откривање на друг примач, најдоцна до моментот кога личните податоци се откриени за прв пат.

Кога контролорот има намера и понатаму да обработува лични податоци за цел различна од онаа за која се собрани личните податоци, контролорот пред понатамошната обработка, на субјектот на личните податоци му обезбедува информации за другата цел и сите други потребни информации, како што е наведено во рамки на овој член.

Ставовите погоре во рамки на овој член не се применливи доколку:

  1. субјектот на личните податоци веќе располага со информациите;
  2. обезбедувањето на таквите информации е невозможно или бара несразмерно големи напори, особено за обработка на податоци за целите на архивирањето од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели, кои се предмет на услови и заштитни мерки или доколку постои веројатност дека обврската на Контролорот да го реализира правото на субјектот на лични податоци да биде информиран, ќе го направи невозможно или сериозно ќе го отежне постигнувањето на целите на таа обработка. Во овие случаи, контролорот презема соодветни мерки за заштита на правата, слободите и легитимните интереси на субјектот на личните податоци, вклучувајќи и обезбедување на јавен пристап до информациите;
  3. добивањето или откривањето е јасно дозволено со закон во кој се предвидуваат соодветни мерки за заштита на легитимните интереси на субјектот на личните податоци; или
  4. личните податоци мора да останат доверливи во согласност со обврската за деловна тајна, што се регулира со закон, вклучувајќи и законска обврска за доверливост.

Право на исправка или дополнување - Ако Клиентот открие дека личните податоци што за него/неа ги обработува ХХМ не се точни или не се целосни, има право да побара нивна исправка и/или дополнување со давање на дополнителна изјава. Клиентот обично станува свесен за неточните или нецелосни податоци, по остварување на правото на пристап.

Право на бришење („право да биде заборавен„) – Клиентот има право да побара ХХМ да ги избрише неговите/нејзините лични податоци ако податоците веќе не се потребни односно престанала целта заради која биле обработувани, ако клиентот ја повлекол согласноста за нивна обработка, ако податоците биле незаконски обработувани или повеќе не е исполнета правната основа за нивна обработка.

Пред да поднесе барање до Контролорот, за бришење на неговите/нејзините лични податоци, Клиентот е должен да провери дали исполнува барем еден од долунаведените услови:

1) личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или обработени на друг начин;

2) Клиентот ја повлекoл својата согласност врз која се заснова обработката на податоците согласно соодветните одредби од ЗЗЛП и ако не постои друга законска основа за обработка;

3) субјектот на личните податоци поднел приговор на обработката согласно соодветните одредби од ЗЗЛП, при што не постојат преовладувачки легитимни цели за обработката, или субјектот на личните податоци поднел приговор на обработката согласно соодветните одредби од ЗЗЛП;

4) личните податоци биле незаконски обработени;

5) личните податоци треба да бидат избришани со цел почитување на обврска утврдена со закон која се однесува на контролорот;

6) личните податоци биле собрани во врска со понудата на услуги на информатичко општество, согласно со соодветните одредби од ЗЗЛП.

Кога контролорот ги објавил јавно личните податоци и е должен во согласност со ставот (1) на овој член да ги избрише личните податоци, тогаш контролорот презема дејствија, вклучувајќи технички мерки за да ги извести другите контролори кои ги обработуваат личните податоци дека субјектот на личните податоци побарал бришење на сите линкови или копии или репродукции на личните податоци од страна на тие контролори, земајќи ги предвид достапната технологија и трошоците на спроведувањето.

Ставовите (1) и (2) на овој член не се применуваат до оној степен до кој обработката е неопходна:

а) за остварувањето на правото на слобода на изразување и информирање;

б) за усогласување со законска обврска која бара обработка според закон што се применува во однос на контролорот, или за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување утврдено со закон доделено на контролорот;

в) од причини од јавен интерес во областа на јавното здравство согласно со соодветните одредби од ЗЗЛП;

г) за целите на архивирање од јавен интерес, за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели, согласно со соодветните одредби од ЗЗЛП, доколку постои веројатност правото утврдено во ставот (1) на овој член да се направи невозможно или сериозно да го отежне постигнувањето на целите на таа обработка; или

д) за воспоставување, остварување или одбрана на барања засновани на закон.

 

Доколку обработката на определени лични податоци била предмет на бришење, Контролорот е должен да ги пријави сите бришења на личните податоци, за секој корисник кому што податоците му биле откриени, освен ако тоа е невозможно или бара несразмерно големи напори. Дополнително по барање на субјектот на лични податоци, Контролорот е должен да го информира субјектот за корисниците што имале пристап до неговите/нејзините податоци, пред да било имплементирано правото да биде заборавен.

Право на ограничување на обработката – Клиентот има право да побара ХХМ да ја ограничи обработката на личните податоци. Ова право е алтернатива на правото на бришење на податоците и може да се оствари ако клиентот ја оспорува точноста на неговите лични податоци, во периодот додека ХХМ не ја потврди нивната точност, ако обработката е незаконита, но клиентот се спротивставува на бришењето, а наместо тоа бара ограничување на обработката или ако податоците веќе не му се потребни на ХХМ, но потребни му се на клиентот за остварување на неговите правни барања.

Пред да поднесе барање до Контролорот, за ограничување на обработката на неговите/нејзините лични податоци, субјектот е должен да провери дали исполнува барем еден од долунаведените услови:

  • точноста на личните податоци се оспорува од субјектот на личните податоци, за период кој му овозможува на контролорот да ја провери точноста на личните податоци;
  • обработката е незаконска и субјектот на личните податоци се спротивставува на бришењето на личните податоци, при што наместо тоа бара ограничување на нивната употреба;
  • за целите на обработка, контролорот нема повеќе потреба од личните податоци, но субјектот на личните податоци ги бара за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања;
  • субјектот на личните податоци се спротивставува на обработката во очекување на верификација дали легитимните интереси на контролорот преовладуваат над интересите на субјектот на личните податоци.

Доколку обработката на определени лични податоци била предмет на ограничување, Контролорот е должен да ги пријави сите ограничувања на обработката на личните податоци, за секој корисник кому што податоците му биле откриени, освен ако тоа е невозможно или бара несразмерно големи напори. Дополнително по барање на субјектот на лични податоци, Контролорот е должен да го информира субјектот за корисниците што имале пристап до неговите/нејзините податоци, пред обработката за истите да биде ограничена.

Кога обработката е ограничена според ставот (1) на овој член, таквите лични податоци може да се обработуваат, само со согласност на субјектот на личните податоци со исклучок на нивното чување, или за воспоставување, остварување или одбрана на неговите/нејзините правни барања или за заштита на правата на друго физичко или правно лице или поради важни причини од јавен интерес.

Кога субјектот на личните податоци го остварил правото на ограничување на обработката, тогаш контролорот го информира пред да престане ограничувањето на обработката.

Право на преносливост- Ова право е применливо кога се врши обработка на лични податоци врз основа на согласност или договор и кога обработката се врши со автоматизирани средства.

Пред да поднесе барање до Контролорот, за реализација на правото за преносливост на неговите/нејзините лични податоци, субјектот е должен да провери дали исполнува барем еден од долунаведените услови:

  • обработката е заснована врз основа на согласност, или врз основа на договорна обврска; и
  • обработката се врши на автоматизиран начин.

При остварувањето на правото на преносливост на податоците, субјектот на личните податоци има право да добие директен пренос на личните податоци од еден контролор на друг, ако тоа е технички возможно.

Остварувањето на ова право не го исклучува остварувањето на правото да се биде заборавен.

Правото преносливост на лични податоци не се однесува на обработката потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на службеното овластување доделено на контролорот.

Реализацијата на ова право не смее да влијае негативно врз правата и слободите на другите физички лица.

Право на приговор - Субјектот на лични податоци има право да поднесе приговор против обработката на неговите/нејзините лични податоци доколку се работи за:

  • обработка која е потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот, како и ако се работи за профилирање од ваквата обработка што предизвикува правни последици за субјектот;
  • обработка е потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице, освен ако таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектот на лични податоци коишто бараат заштита на личните податоци, особено кога субјектот на личните податоци е дете, како и ако се работи за профилирање од ваквата обработка што предизвикува правни последици за субјектот.

Контролорот не може повеќе да врши обработка на личните податоци, освен ако докаже дека постојат релевантни легитимни интереси за обработка, кои преовладуваат над интересите, правата и слободите на субјектот на личните податоци, или за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања.

Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектот на личните податоци има право во секое време да поднесе приговор на обработката на неговите лични податоци поврзани со овој вид на маркетинг, кој вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со директниот маркетинг.

Кога субјектот на личните податоци приговара на обработката на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг, контролорот ја запира натамошната обработка на личните податоци за тие цели.

Најдоцна до моментот на првата комуникација со субјектот на личните податоци, субјектот на личните податоци мора изречно да биде известен за неговото право на приговор, како приговор на обработката на лични податоци реализирана за цели на директен маркетинг, при што известувањето мора да се направи на јасен начин и одвоено од било која друга информација.

Во контекст на користењето на услугите на информатичкото општество и независно од прописите за електронските комуникации, субјектот на личните податоци може да го користи правото на приговор преку автоматски средства со користење на технички спецификации.

Право да не бидете предмет на одлука донесена единствено врз основа на автоматизирана обработка вклучувајќи го и профилирањето - Субјектот на лични податоци не може да го реализира ова право доколку таквата одлука:

  • е потребна за склучување или извршување на договор меѓу субјектот на личните податоци и контролорот;
  • е дозволена со закон што се применува во однос на контролорот, и во кој исто така се предвидени соодветни мерки за заштита на правата и слободите и легитимните интереси на субјектот на личните податоци; или
  • се заснова на изречна согласност на субјектот на личните податоци.

Во случаите наведени во ставот (1) точките (1) и (3) на овој член, контролорот е должен да примени соодветни мерки за заштита на правата и слободите, како и на легитимните интереси на субјектот на личните податоци, а најмалку право на обезбедување на човечка интервенција од страна на контролорот, право на изразување на личен став и право на оспорување на таквата одлука.

Одлуките од ставот (1) на овој член не смеат да се засноваат на посебни категории на лични податоци, освен ако субјектот на лични податоци дал изречна согласност за обработка на тие лични податоци за една или повеќе конкретни цели, освен кога со закон е предвидено дека забраната не може да се отповика од субјектот на лични податоци; односно се работи за обработка која е неопходна поради причини на јавен интерес врз основа на закон пропорционално на целта и почитување на суштината на правото на заштита на личните податоци, како и обезбедување соодветни и конкретни мерки за заштита на фундаменталните права и интереси на субјектите на личните податоци;, при што се воспоставени и соодветни мерки за заштита на правата и слободите и легитимните интереси на субјектот на личните податоци.

Горенаведените барања, Клиентот може да ги поднесе служејќи се со образецот изготвен од  наша страна (прилог кон оваа Политика) и истиот да ни го доставите на следнава e-mail адреса boris.jotevski@hello-helpme.com.

ХХМ се обврзува да одговори по однос на барањето на клиентот на кого се однесуваат личните податоци без непотребно одлагање, во рок од 30 дена од поднесување на барањето, односно најдоцна во рок од 3 месеци, сметано од денот на поднесување на барањето, земајќи ги во предвид сложеноста и бројот на барањата.  

Овој рок од 30 дена, не важи кога се работи за реализација на правото на исправка или дополнување на личните податоци, кога Контролорот е должен да добие корегирани лични податоци во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

  1. Контакт

Доколку имате прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да не контактирате на следната електронска адреса: contact©hello-helpme.com или да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци на Друштвото на: + 389 70289250.

Електронската адреса од која ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и целата содржина на Вашите барања или предлози, нема да бидат користени за ниту една друга цел освен да одговориме на Вашето барање, прашање односно предлог упатен до нас.

Контакт податоците за Контролорот:

Назив:                                  ХХМ ДООЕЛ Скопје

Седиште:                            Лазар Мојсов бр.31-4/27, Скопје-Карпош

Електронска адреса:     contact@hello-helpme.com

Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:

Име и презиме:               Борис Јотевски

Електронска адреса:     boris.jotevski@hello-helpme.com

Телефон:                             070289250

  1. Датум на објава на Политика на приватност

ХХМ задржува право текстот на политиката на приватност да го менува одвреме навреме за да во истата ги рефлектира сите постоечки измени во процесите за прибирање и обработка на личните податоци, како и евентуалните измени во законодавството од областа на лични податоци. За сите измени и дополнувања на оваа политика, ќе бидат поставени известувања на нашата страна, а дополнително истите ќе бидат вклучени во ажурираниот текст на политиката. Моменталната верзија на политиката за приватност е објавена на ден 15.03.2024 година.

ОБРАЗЕЦ НА БАРАЊЕТО НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

На ден ____ 2024 година, заради долунаведените причини, јас, долупотпишаниот/потпишаната, со следниве податоци:

Име и презиме:

__________________________________________

ЕМБГ:

__________________________________________

Адреса на живеење:

__________________________________________

Контакт податоци:

(е-маил, мобилен телефон, Viber, WhatsUp)

__________________________________________

барам од Контролорот, Друштвото за посредување, услуги, консалтинг и маркетинг ХХМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седиште на ул. „Лазар Мојсов„ бр.31-4/27, Скопје-Карпош, да ми овозможи реализација на:

(да се означи правото или правата што корисникот на услуги сака да ги реализира со поднесувањето на ова барање)

·         Право да бидам информиран/а за личните податоци што се обработуваат за моја сметка, кои се целите и правната основа за нивната обработка

·         Право на пристап до моите лични податоци

·         Право на дополнување или измена на моите лични податоци

·         Право да се биде заборавен/право на бришење

·         Право на преносливост

·         Право на приговор на обработката на моите лични податоци

·         Право на повлекување на согласноста

·         Право да не бидам предмет на одлука што била донесена единствено врз основа на автоматизирана обработка вклучувајќи го и профилирањето

Ова Барање го поднесувам од причина што (да се даде краток опис на ситуацијата што претходела пред поднесувањето на ова барање).

___________________

(потпис)

 

american-epress diners maestro mastercard visa
Cookies Policy | Privacy Policy | Refund Policy | Delivery Policy

© 2024 - Hello, Help Me hello, help me | ALL RIGHTS RESERVED

Cookie consent

This website uses cookies to personalise content and to analyse our traffic.

Necessary - Necessary cookies needed to make a website usable by enabling basic functions. The website cannot function properly without these cookies. (always active)
Marketing - Marketing cookies are used to track visitors across websites.

You can learn about cookies and change your cookie consent settings on our cookies policy
Here is our privacy policy